Connect with us

Фудбал

Алиоски: На видеото може да се види се, но не слушнав што ми рече Арнаутовиќ

На прес конференција одржана попладнево, Езџан Алиоски го коментираше директниот судир со Марко Арнаутовиќ.

„Имавме разговори во текот на мечот. Тоа не е нешто погрешно додека трае мечот. По мечот зборувавме, се ракувавме. Проблемот беше по голот кога викаше кон мене. Не можам да кажам што ми кажа, кога не слушнав. Тешко беше да слушнам. Важно ми беше по мечот да зборуваме, другото зависи од УЕФА и од федерацијата. Сè може да се види на видеото. Тоа е нормален момент од секој натпревар. Проблемот е во видеото, зошто рече тоа што го рече. Ќе видиме“, рече Алиоски.

Претходно Арнаутовиќ преку Инстаграм се извини, а ФФМ пак од УЕФА побара најстрога казна за него. До овој момент нема одлука од УЕФА.