Тајмаут
Алиша е најубавата фудбалерка! Одбила богатата понуда од сајт за возрасни (ФОТО)
Алиша Леман е една од најпопуларните и најатрактивните фудбалерки во светот. Швајцарската репрезентативка, која моментално настапува за Астон Вила, беше причината поради која многумина го следат женскиот фудбал во последно време, а нема сомнеж дека тоа ќе биде случај и на претстојното Светско првенство за жени кое се одржува од 20 јули до 20 август во Австралија и Нов Зеланд.
Леман во текот на кариерата поминува низ различни ситуации, а сето тоа благодарение на нејзиниот изглед. Така неодамна судија и ставил рака на задникот, а често се жали на медиумите дека многумина ја оценуваат исклучиво според нејзиниот изглед, а не според нејзиниот квалитет.
„Некои луѓе едноставно гледаат Инстаграм и социјални мрежи и не ни знаат дека јас всушност играм фудбал. Кога не објавувам фудбалска слика една недела, луѓето се како: „О, таа дури и не игра“. Мислам дека е понекогаш е малку тешко затоа што очигледно тренирам секој ден како и сите други“.
Благодарение на нејзините страници на Инстаграм и на некои други мрежи, Алиша Леман заработува дополнителни пари од она што го добива како професионален фудбалер. Но, нејзината популарност неодамна ја тестираше и нејзината човечка, карактерна страна. Како што пишува англискиот таблоид „Мирор“, еден од најпознатите портали за возрасни контактирал со Швајцарката. Тие и дадоа понуда која не можеше да ја одбие. Барем така се надеваа.
