Фудбал
Алисон го потврди заминувањето од Рома
Раџа Наинголан е пред потпишување на договорот со Интер, а Рома во наредната сезона нема да го има и Алисон Бекер.
Рома одлучи да продаде некои важни играчи, а после Наинголан, по се изгледа дека заминува и бразилскиот голман, кој во изјава невести крај на авантурата во Рома.
„Искрено, навистина се надевам дека се ќе се реши до почетокот на Светското првенство. Тоа ќе го препуштам на моите претставници, да ја донесат нај добата одлука и да ја решат оваа работа. Имаме бројни опции и сите ги разгледуваме, но со голема почит кон Рома“, рече Алисон.
Наводно, Алисон е на мета на Ливерпул, Реал Мадрид и Челзи, но се уште не се знае каде би можел да ја продолжи својата кариера.
Што се однесува на Мундијалот, се очекува тој да биде единицата на голот на Бразил, но има жестока конкуренција од голманот на Манчестер Сити, Едерсон.