Фудбал
Алкантара ќе игра на „Паркот на принцовите“
Париз, 5 октомври 2020 (МИА) – Неколку минути пред затворањето на преодниот рок, Рафиња Алкантара потпиша за Пари Сен Жермен, пренесува „Мундо Депортиво“.
Играчот од средниот ред на Барселона заминува за Париз без трансфер такса, но со потенцијални 3,5 милиони евра во форма на клаузули.
Покрај тоа, шпанскиот клуб ќе добие 35% од последователната продажба на Бразилецот.
Во последните години, Рафиња минуваше периоди на позајмица во Селта и Интер и немаше никакви индиции дека Роналд Куман ќе се потпира на него.