Фудбал
„Ало, Чави на телефон, те чекам во Барселона“
Чави Ернандез има важна улога во преговорите со потенцијалните засилувања на Барса, тоа го направи зимава, па и сега.
Тој лично му се јавил на Феран Торес, по што Шпанецот отишол кај Пеп Гвардиола и побарал да оди во Барса. Слично беше и со Адама и Обамејанг, на кои Чави им го претстави планот и проектот.
Денеска пристигна информација дека Чави лично го повикал Френк Каси да го убеди да ја прифати понудата на Барса.
Чави на раководството му порача дека сака централен играч за врска „бокс во бокс“, кој знае да ја задржи топката и да постигне гол, а Кеси се најде во прв план.
Чави се погрижи Кеси да биде информиран за неговата улога во тимот и лично го покани, а на играчот од средниот ред на Милан исклучително му се допаѓа проектот на Барса.
Денеска пристигна уште една потврда дека Чави го направил најважното, стекнал доверба преку личен контакт и практично ја затворил приказната.
Кеси има 25 години, станува слободен и ќе дојде без обесштетување. Средниот ред е преполн, но Рики Пуиг си заминува, Серхио Бускетс влегува во последните години, па потребна нова крв со младите играчи Педри, Гави, Ник Гонзалес …