Фудбал
Алонсо летал со болидот на патеката, за чудо се вратил на трката, а потоа била донесена скандалозна одлука!
Љубителите на Формула 1 синоќа можеа да уживаат во спектакуларната трка во Остин за Големата награда на Соединетите Американски Држави, а на крајот во центарот на вниманието се најде легендарниот Фернандо Алонсо кој имаше ден за паметење.
На крајот, во Остин победи неверојатниот Макс Верстапен, кој е едноставно незапирлив оваа сезона. И покрај тоа што на средината на трката имаше проблеми во боксот при менување гуми, на крајот Холанѓанецот успеа да победи.
Верстапен на неколку круга до крајот го престигна лутиот ривал Луис Хамилтон и уште еднаш ја покажа доминацијата која Ред Бул ја има оваа сезона.
Сепак, покрај борбата за победа, синоќа во Остин видовме вистински спектакл и неколку ситуации за паметење. Во центарот на вниманието беше Фернандо Алонсо, кој дури и го „леташе“ болидот на патеката по судирот со Строл.
При обидот за претекнување, Строл направи огромна грешка и предоцна почна да ја брани својата позиција, предизвикувајќи контакт меѓу него и Алонсо што го лансираше Шпанецот во воздух.
За среќа, Алонсо некако успеа да избегне директен судир со оградата, и некако да го одвлече својот болид до боксот каде ги замени гумите и предното крило и успеа да ја продолжи трката.
Lap 23 #USGP #F1 🚕⚠️ impacto @lance_stroll y @alo_oficial pic.twitter.com/35g2NKOX0d
— Isaac Alvarez (@AbrahamIAlvarez) October 23, 2022
Алонсо се врати речиси до последното место, но тоа не го спречи. Поранешниот шампион со фантастично возење стигна дури до седмата позиција и успеа да освои бодови, што секако е за пофалба.
Сепак, неколку часа подоцна ФИА донесе скандалозна одлука и го казни Алонсо за небезбедно влегување на патеката, што предизвика бес во светот на Формула 1.
Имено, од судирот му бил оштетен автомобилот, а подоцна додека претекнувал еден од своите ривали му паднал левиот ретровизор за кој никој во боксот не можел ни да знае дека е оштетен и само го отстраниле додека тој бил во боксот по судирот со Строл .
Алонсо на тој начин доби казна од 30 секунди и остана без бодови во Остин, иако ги заслужи и покрај сите тешкотии.
BREAKING: Fernando Alonso has received a 30-second penalty as his car was sent back on track in an unsafe condition
He drops down to P15, with Vettel (P7), Magnussen (P8), Tsunoda (P9) and Ocon (P10) all moving up in the points#USGP #F1 pic.twitter.com/zW9cC89Nwj
— Formula 1 (@F1) October 24, 2022
Сепак, она што особено предизвика револт кај фановите на Формула 1 е тоа што имаше многу поспорни ситуации на патеката, но дека казните беа минимални или речиси и да ги немаше, а Алонсо не заслужи на него да биде тестирана некоја строгост.