Connect with us

Други спортови

Алонсо: Ми претстои важна одлука за иднината

Фернандо Алонсо потврди дека ќе донесе одлука за својата иднина по летната пауза, но не ја исклучи можноста за разделба со Формула 1 и покрај неговите неодамнешни тврдења дека не ја загубил желбата да се натпреварува.

Шпанецот ја извозе 300-та трка во кариерата во Канада во неделата и стана само четвртиот возач во Формула 1 кој стигнал до оваа граница, но проблемите со болидот на Мекларен дефинитивно не го стимулираат да остане.

– Се уште не знам. До 2019 има доста време. Обично носам одлуки за својата иднина по летната пауза и оваа година нема да биде различно. Сигурно, сепак ми претстои важна одлука, изјави Алонсо.

Има голема веројатност Мекларен да се натпреварува во Индикар следната година, што е уште една опција за Алонсо, кој оваа недела ќе учествува на легендарната трка „24 часа Ле Ман“.

И покрај тешкотиите во последно време, сепак, Алонсо гледа успех во партнерството на Мекларен и Рено.

– Сега разликата до водечките тимови е голема, но Мекларен и Рено се заедно, за да заработат и иднината пред оваа комбинација е светла. Не знам кога ќе дојдат победите, но сигурно ќе има добри резултати, заврши Шпанецот. 

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com