Други спортови
Алонсо: Можам да дојдам до уште една титула
Шпанскиот возач Фернандо Алонсо, двократен светски шампион, верува дека може да донесе успех на тимот на Астон Мартин во следните две сезони во Формула 1 шампионатот.
Алонсо возеше за Алпин претходните две години, а оваа сезона ја заврши на деветтото место во генералниот пласман на возачи со 81 бод. Потпиша двегодишен договор со тимот на Астон Мартин.
„Во последните неколку трки од сезоната, како Мексико, Остин или Бразил, бев поблиску до нивото на кое бев во 2012 или 2010 година. Минатата година немав 100 процентна доверба во болидот или во моето враќање“, изјави шпанскиот возач, кој во својата кариера извозе 356 трки во Ф1.
Тој ги направи првите тестови за Астон Мартин во Абу Даби.
„Продолжувам само затоа што верувам дека ќе имаме шанса. Нереално е да се намали јазот следната година, но мораме да ги поставиме темелите за идните болиди и да работиме подобро од луѓето околу нас. Подготвен сум да пружам нешто посебно и истото го очекувам и од нив“, додаде Шпанецот, кој ги освои титулите во Ф1 во 2005 и 2006 година.
Алонсо изрази надеж дека ќе вози во Ф1 барем уште „две до три години“.
„Освојувањето на титулата е она што ме мотивира секој ден, па сепак мислам дека третата титула ќе биде можна еден ден. Можеби не следната година, но кој знае. Ќе одам една година по ред. Ако сум како минатата година во неколку сезони, дури и ако моите настапи изгледаат добро, ако не сум задоволен со себе, можеби ќе престанам. Но, ако возам како оваа година, ако се чувствувам горд, ќе продолжам какви и да се резултатите“, заклучи Алонсо.