Connect with us

Фудбал

Алонсо нема дилема кој е подобар помеѓу Хамилтон и Шумахер

Луис Хамилтон е на добар пат да ја освои титулата во Формула 1 по седми пат и со тоа да стигне до легендарниот Михаел Шумахер.

Паралелата помеѓу Хамилтон и Шумахер ја направи и Фернандо Алонсо, двократниот светски шампион како возач на Рено.

„Постојат различни времиња и болиди со различни нивоа на перформанси. Но, јас го паметам Михаел Шумахер како возач кој тешко може да се победи, со најдобар талент“, рече Шпанецот.

„Луис е многу добар и е најдобар во неговата генерација, но тој не го освои Светското првенство додека беше тимски колега со Батон во Мекларен. Во Мерцедес, Нико Розберг исто така го освои Светското првенство“, додаде тој.

„Михаел никогаш немаше такви работи, тој секогаш победуваше. За мене, Мајкл е чекор понапред од Хамилтон“, додаде Алонсо.

Инаку, Хамилтон заостанува една победа зад Шумахер, кој успеа да слави на 91 трка во текот на својата кариера. Британецот ќе има нова можност да го стигне Германецот на патеката во Нирбургринг.