Connect with us

Ракомет

Алушовски: Бевме посреќна екипа од Нексе

Скопје, 30 август 2020 (МИА) – Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, по синоќешниот драматичен дуел со Нексе и пласманот на „фајнал фор“ турнирот во СЕХА лигата, изјави дека „црвено-црните“ беа посреќниот тим.

– Бевме посреќна екипа од Нексе. Бевме многу неодговорни во ситуација седум на шест и фрливме многу топки во бунар. Мислам дека е недозволиво за Вардар кој има големи амбиции, за некои играчи неодговорно да се однесуваат, иако во најдобра намера ги правеле грешките. Мораме да учиме од нив, и да се подобруваме секој ден. Ме радува фактот што Дисингер беше оној стариот, меѓутоа во вториот дел за 21 минута дадовме само пет гола, сето тоа поради наши технички грешки, но тоа е спортот и јас им честитам на момците за местото на Ф4. Се надевам дека таму ќе бидеме многу подобри, рече Алушовски.

Гостинскиот тренер жали за пропуштената шанса, неговите избраници да одат во полуфиналето.

– Го имавме натпреварот, ја имавме контролата се до финишот на натпреварот. Го преземавме водството во средина на вториот дел, но Вардар повторно покажа дека кога е во невозможна ситуација знае да се извлече. Тие имаат големо срце, и тука се две три ситници, можеби малку неискуството на неколку мои играчи овозможи Вардар да се врати во живот и на крајот тоа и да го искористи. Малку среќно, малку снаодливо, што да се каже… На крајот останува да жалиме, зошто можевме сега мирно да патуваме за Задар.
Не е срамота да се изгуби од Вардар во Скопје. Ние сме на нашиот пат, почеток е на сезона, не очекува еворпа започнува и СЕХА. Прв официјален натпревар затоа и имаше толку технички грешки на двете страни, ситници, неодговорност во игра… Но рутината се добива со играње на вакви натпревари, особено кога имате една млада екипа, истакна Хрвоје Хорват.

Вардар синоќа загуби со 25:26, но поради победата во Нашице со 31:30 оди на завршницата во Задар. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com