Фудбал
Алвеш: Барселона не се грижи за луѓето кои испишаа историја
Дефанзивецот Дани Алвеш смета дека шпанскиот фудбалски гигант не води грижа за луѓето кои оставиле свој белег во клубот.
Според 39-годишниот Бразилец, тој не е тажен поради заминувањето од Браселона.
– Драго ми е што успеав да се вратам во клубот, за тоа сонував пет години. Единственото нешто што не ми се допадна беше начинот на кој беше организирано моето заминување. Со потпишувањето на договорот јасно ставив до знаење дека веќе не сум дваесетгодишен дечко, дека сакам отворено, без криење да ги решам сите случаи. Но, клубот згреши во последните години, изјави Алвеш.
Според него, каталонскиот клуб треба да се однесува поинаку со своите поранешни играчи кои придонеле за резултатите на Барса.
– Барселона не се грижи за луѓето кои испишаа историја. Како навивач, би сакал клубот да ги прави работите поинаку. Сепак, јас сум вечно благодарен на тренерот и претседателот за можноста да се вратам, рече тој.
Алвеш минатата сезона постигна еден гол и имаше три асистенции на 16 натпревари за Каталонците во сите натпреварувања.
На 30 јуни 2022 година, дефанзивецот го напушти клубот како слободен играч на крајот од неговиот договор.