Connect with us

Други спортови

Амбициозните Кинези веќе ја подготвуваат патеката во Шангај за трката во Формула 1

Големата награда на Кина стана првата трка на годинашниот календар на Формула 1 што беше откажана по доаѓањето на коронавирусот.

Во Кина, коронавирусот се смири, така што животот се враќа во нормала. Според официјалните бројки, повеќе од 3.300 луѓе починале, но работите постепено почнуваат да се нормализираат.

Тркачката патека во Шангај во Формула 1 веќе се подготвува за трки. Претходно оваа недела, Порше одржа корпоративен настан, кој беше затворен за јавноста. Првата трка е закажана да се одржи на 26 јуни на оваа патека. Станува збор за кинескиот ГТ шампионат.

Организаторите на трката во Кина веќе побараа да се одржи трката во Формула 1 во текот на летото, бидејќи подоцнежните датуми во ноември и декември не им одговараат поради ниските температури. Значи, по се изгледа дека трката за Големата награда на Кина ќе биде вратена во календарот.

Последователните датуми за одржување ќе се бараат и за Бахреин, Виетнам, Холандија, Шпанија и Азербејџан, додека трките за големата награда на Австралија и Монако дефинитивно се откажани.