Connect with us

Кошарка

Американецот Олуџоби нов член на МЗТ Скопје

Извршниот директор на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров претпладнево најави промени во играчкиот состав што почнаа да се остваруваат попладнево. Американецот Феми Олуџоби е нов член на клубот од СЦ „Јане Сандански“. Договорот меѓу двете страни е до крај на сезоната.

Станува збор за крилен центар, има 23 години, висок е 206 сантиметри и во Скопје доаѓа од литвански Лиеткабелис. Како негови главни карактеристики се наведуваат скочноста и брзината и се очекува да има придонес во играта по кошевите.

За Олуџоби ова е прва сезона како професионалец, откако мина четири во американската НЦАА-лига настапувајќи за Оукленд, АиТ универзитетот од Северна Каролина и за универзитетот Депол. Во последните две екипи настапи по една година и тоа со просек од 16,3 поени и 7,7 скока односно со 12,8 поени и 5,4 скока.