Connect with us

Фудбал

Американките успешни во најтешката мисија, го елиминираа домаќинот Франција


Женската селекција на САД успешно ја заврши веројатно и најтешката мисија на големите натпреварувања да се елиминира домаќинот на турнирот и со победа против Франција си обезбеди полуфинале.
Ветеранката Меган Рапино повторно беше расположена и вторапт по ред постигна два гола за идентична победа од 2:1, како и против Шпанија во претходната фаза од нокаут рундата.
Фудбалерката на актуелниот европски првак Лион, Венди Ренар го постигна почесниот погодок за Франција, но домаќинките немаа сили да се изборат за продолженија.
Американките ќе играат против Англија во полуфиналето на Мундијалот, а вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од мечевите меѓу Италија и Холандија, односно Германија и Шведска.
.

Извор: Sportmanija.mk