Connect with us

Фудбал

Американскиот милијардер има јасен план за Кристијано Роналдо и планира да го оствари

Сопственикот на Челзи, Тод Боли е подготвен да ја доведе португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во редовите на лондонскиот клуб, а тоа ќе се обиде да го направи веќе во јануарскиот преоден рок.

Кристијано Роналдо минува низ тешки времиња во Манчестер Јунајтед. Португалецот многу малку игра за Ерик тен Хаг, а пред неколку дена беше суспендиран за мечот со Челзи откако одби да влезе во игра против Тотенхем.

Роналдо е разочаран од суспензијата која ја прифати без прашање, а претходните денови наместо со првиот тим тренираше со младинците.

Кристијано повеќе не е играч кој прави огромна разлика на теренот. Ерик тен Хаг е свесен за ова и менаџерот на „црвените ѓаволи“ не би имал ништо против португалската ѕвезда да го напушти клубот.

Челзи повторно покажува интерес за Роналдо. Сопственикот на клубот Тод Боли е подготвен да го доведе во својот тим и, според англиските медиуми, ќе се обиде да го направи тоа во јануари.

Американскиот милијардер го сакаше Кристијано и минатото лето. Сепак, на неговиот трансфер се спротивстави тогашниот менаџер Томас Тухел и на крајот ништо од трансферот.

Боли повторно ја отвори можноста за доведување на португалскиот фудбалер, а ќе видиме дали оваа идеја ќе му се допадне на новиот менаџер Греам Потер.

Постои и можност Кристијано да ја продолжи кариерата во американската МЛС лига и ќе видиме дали Португалецот навистина ќе го напушти „Олд Трафорд“ на средина од сезоната.

Договорот на 37-годишниот напаѓач со Јунајтед истекува на крајот од оваа сезона. Сигурно е дека нема да добие нов и јасно е дека неговата кариера во Манчестер е при крај.

ЦР постигна два гола на 12 одиграни натпревари оваа сезона и ова е една од најскромните сезони во неговата кариера.