Connect with us

Фудбал

Анализите започнаа: Тренер во Австрија ги „откри“ слабите точки на Македонија

Ренато Глигороски, е Македонец од Австрија, кој работел како помошник во Австрија Виена и Матерсбург, а моментно е тренер во младинско-пионерската академија на Вакер Инсбрук, пишув SPORT1.mk

Глигороски на Австријците им ја проанализира македонската селекција откривајќи кои се слабите точки на националниот тим, но истовремено посочи дека македонската репрезентација е противник кој на секого може да му направи проблем.

„Оваа Македонија може да направи проблем на секого, но имаат неколку слаби точки и тоа во фазата на одбрана, а посебно со пресингот кој не е нивна најсилна страна. Плус, веќе владее голема еуфорија со самиот пласман, а таа еуфорија создава голем притисок, што може да биде проблем“, посочува Глигороски.

Австрија е добро познат противник од кој Македонија загуби пред две години во евроквалификациите, во Скопје кога беше тотално надиграна со 1-4, а во Виена со 1-2.