Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Бразил е фаворит на Светското првенство

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти даде своја анализа за претстојното Светско првенство во Русија. 

Италијанецот даде стручно мислење во врска со тоа кои се фаворитите на првенството, како и за селекциите, кои евентуално ќе донесат изненадувања.

– Сметам дека Бразил е фаворит на Мундијалот, оваа селекција има најголеми шанси да го освои трофејот, бидејќи Тите изгради многу силен состав. Тимот игра многу силно во одбраната, а ова е во комбинација со прекрасниот напад. Обично, победниците на Мундијалот доаѓаат од групите, каде се наоѓаат Бразил, Аргентина, Германија и Шпанија. Многу ми е жал за отсуството на Италија, рече Анчелоти.

Тој посочи и кои селекции според него можат да направат најголемо изненадување на Светското, кое започнува на 14 јуни и ќе ги радува фудбалските фанови до 15 јули.

– Би рекол Белгија, бидејќи има многу играчи кои играат во Премиер лигата. Потоа е Хрватска, која има силни индивидуи, како искуство и квалитет, вели поранешниот тренер на Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Запрашан за новиот предизвик што го презеде во професионален аспект, имено тренерскиот пост на Наполи, Анчелоти изјави: „Ќе го дадам најдоброто од себе, како и секогаш. Знам во кој тим ќе одам, свесен сум за страста на навивачите. Во последните две години, тимот добро функционираше и сега треба да се надградуваме“.