Фудбал
Анчелоти ги започнува преговорите со една од најсилните репрезентации во светот
Фудбалската федерација на Бразил работи на доведување на Карло Анчелоти (63). Претседателот Едналдо Родригес овој месец ќе го посети Мадрид за да се обиде да го убеди италијанскиот тренер да ја преземе оваа функција. Прво ќе треба да преговара со претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Анчелоти неодамна изјави дека нема намера да го напушти Реал, но Бразилците веќе некое време подготвуваат сериозна понуда за него. „Мундо Депортиво“ пишува дека Анчелоти како селектор на Бразил би заработувал десет милиони евра годишно, еден милион повеќе од сегашната плата во Мадрид. Бразилците имаат и резервни варијанти. Жозе Мурињо и Хорхе Жезус се опции во случај да не успее планот со Анчелоти.
Тоа би била прва работа за Анчелоти во кариерата. Ги водеше Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи и Евертон, а од 1992 до 1995 година работеше како помошник тренер во италијанската репрезентација. Во кариерата освои се што можеше да се освои.