Connect with us

Фудбал

Анчелоти го понижи Азар, Бејл му се изнасмеа на Белгиецот (ВИДЕО)

Реал Мадрид е елиминиран во Купот на Кралот откако Атлетик Билбао со гол во 89-та минута стигна до победата и обезбеди пласман во полуфиналето. Лошо издание беше ова на „Кралевите“, кои настапија без Карим Бензема чие отсуство и тоа како се чувствува.

Сепак, по мечот во фокусот на вниманието се Карло Анчелоти и Еден Азар. Анчелоти прво го испрати Белгиецот на загревање, а потоа го врати на клупата за резервни фудбалери. Герет Бејл му се изнасмеа на Белгиецот, а сето ова го снимија камерите. Сето ова се случуваше во 75-тата минута. Герет Бејл,  последен пат настапи за Реал на 28.август, а ниту Азар сезонава нема баш некоја минутажа.