Фудбал
Анчелоти лут поради офсајдот: Не заслуживме да загубиме
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е бесен на една одлука во поразот на Ел Класико од Барселона со 2:1.
Реал поведе со автоголот на Араухо, Барса пресвртуваше, Роберто, па Кеси во судиското надополнување, но претходно во 76. минута голот на Асенсио беше поништен поради офсајд.
„Одигравме комплетен натпревар од првата до последната минута. Не победивме затоа што бееш досуден офсајд, во што се уште се сомневаме. Се враќаме во Мадрид со сомнежи во нашите глави“, изјави Анчелоти, чиј тим сега заостанува дванаесет бода зад Барселона.
„Едноставно е, тие имаа поголем континуитет од нас“, ја коментира разликата италијанскиот стручњак.
Анчелоти изјави дека играчите во соблекувалната се тажни и повредени од поразот, но се горди на тоа како одиграле.
„Мислам дека не заслуживме да загубиме. Сè на сè, лошиот јануари не чинеше многу, ни требаше повеќе време да ја најдеме вистинската форма. Сега сме на вистинското место и ќе ја завршиме сезоната на вистински начин“.