Connect with us

Фудбал

Анчелоти по поразот: Нема драма, ние сме лидери

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги коментираше причините за поразот на гостувањето кај Хетафе (0:1) во натпревар од 19. коло на Ла Лига.

„Му дадовме гол на противникот, а грешката дојде од играч (р. Едер Милитао), кој обично е одличен во одбраната. Оваа загуба може да послужи како будилник – да не потсети дека празниците завршија. Тимот не беше во формата што ја покажа пред Божиќ. Како да славиме уште денес.

Не ми требаат изговори. Не одигравме добро и загубивме. Вчера им кажав на играчите дека ми се допаѓа начинот на кој тренираме. Моите зборови сега не се критика, нема драма. Остануваме лидери во првенството.

Некои играчи недостигаа, а други не одиграа добро денеска, како на пример Бензема. Во вториот дел Азар се обиде да направи нешто, но не создаваше ситуации, за разлика од Марсело. Очигледно на вакви тешки натпревари Марсело дава повеќе можности во нападот“, објасни Италијанецот.