Connect with us

Фудбал

Анчелоти за поништениот гол на Баерн: Се жалат? Па, судијата и нас не оштети

Фудбалерите на Реал синоќа го победија Баерн со резултат 2:1 и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а главна тема по натпреварот беше поништениот гол на Баерн во последните секунди од натпреварот.

Реал поведе со 2:1 и се пласираше во финалето со вкупни 4:3, а во 13. минута од судиското надополнување во вториот дел, Матијс де Лигт постигна гол кој беше поништен од судијата Шимон Марчинијак поради офсајд.

Во моментот кога Џошуа Кимих ја испрати топката „на работ на офсајд“ беа Нусаир Мазрауи и Матијс де Лихт. И додека Де Лихт веројатно беше офсајд, Мазрауи веројатно не беше, но помошникот го крена знамето и Баерн остана без гол за 2:2, а според правилата ниту ВАР не можеше да интервенира.

„Тие се жалат? Па, и судијата нè оштети кога Начо постигна гол, бидејќи Кимих симулираше“, рече Анчелоти, додавајќи дека неговите играчи престанаа да играат кога Марчинијак досуди офсајд пред Матијс де Лигт да шутира и да ја испрати топката во голот.