Connect with us

Фудбал

Андерлехт во тешка ситуација поради коронавирусот

Во седумдесеттите и осумдесеттите, Андерлехт беше дел од кремот на европскиот фудбал.

Во поновата историја, угледот на клуботодо Брисел претрпе „пад“, но Андерлехт остана голем во европскиот и особено во белгискиот фудбал.

Сепак, Андерлехт во последно време поминува низ тешки денови, а сега се соочува и со дополнителни проблеми.

Епидемија на коронавирусот ширум Европа може да му нанесе на белгискиот гигант удар од кој тешко ќе се опорави.

Сè е стопирано и Андерлехт претрпува сериозни финансиски загуби што на крајот може да доведат до банкрот.

Можноста за банкрот на клубот не може да ја отфрли претседателот Карел ван Етвелт.

За сето тоа, клубот одлучи да ги намали платите и трошоците колку што е можно.

„Коронавирусот има невидено влијание врз нашите животи. Андерлехт не може да избега од ефектите на пандемијата. Нашиот клуб е должен, поради високата неизвесност околу приходите, додека владините мерки ги ограничуваат нормалните операции, да ги ограничуваат трошоците колку што е можно. Ова вклучува флексибилност за целиот персонал. Клубот одлучи солидарно да ја подели жртвата на сите. Секој ќе даде се од себе … Андерлехт е клуб кој наиде на многу проблеми низ историјата и ги реши сите. Ќе победиме и сега“, се вели во соопштението на клубот.

По минатогодишните рекордни загуби, долгот на Андерлехт скокна на 100 милиони евра, а последиците од сè што се случува поради коронавирусот може да го стават белгискиот гигант во ќор-сокак.