Connect with us

Фудбал

Ангела Меркел кажала „ДА“, Бундеслигата стартува на 15-ти мај?!

Клубовите од двата најсилни ранга од германскиот фудбал добија „зелено светло“ за враќање на 15-ти мај. Владата на Германија, на чело со канцеларката Ангела Меркел донесоа одлука, првенството да стартува за 10 дена, пренесе Ројтерс.

Од 11 мај многу мерки и забрани ќе бидат ублажени, а тоа значи и враќање на фудбалот, но без присуство на навивачи и почитување на строг правилник за заштита на фудбалерите.
Без разлика на тоа што и помеѓу фудбалерите се појавиле позитивни на Ковид-19, сепак Германците одлучија да продолжат со фудбалот.

Една од мерките ќе биде задолжително тестирање, најмалку два пати неделно на сите фудбалери. Веќе неколку дена клубовите во Германија се со отворени тренинг кампови. Првичната најава беше дека сезоната ќе продолжи на 9-ти мај.