Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Ова е нешто сосема ново за нас, се надевам и посакувам ние да бидеме тие кои ќе наметнеме наш стил на игра

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски синоќа беше гостив во специјаланта емисија на националната телевизија. Тој вели дека ова е нешто ново за сите нас, но изрази надеж дека ние да бидеме тие кои ќе наметнеме наш стил на игра.

„Ова е нешто сосема ново за нас. Се игра еден натпревар, 90 минути и сè е отворено. Австрија беше подобра пред две години и победи. Ситуацијата во нашата репрезентација е далеку поразлична кај нас, кога е во прашање квалитетот. Најважно е како ние ќе одиграме, секогаш сакам да се фокусирам на тоа што ние ќе го направиме и колку ќе му дозволиме на противникот да игра. Направени се сите анализи за австриската репрезентација. Се надевам и посакувам ние да бидеме тие кои ќе наметнеме наш стил на игра“, изјави македонскиот селектор.