Connect with us

Фудбал

Англичаните бараат понеделник да е неработен ден за да слават европска титула!

Англичаните започнаа петиција за прогласување за национален празник доколку англиската репрезентација ја освои европската титула.

Во Англија веќе собра повеќе од 100.000 потписи, што значи дека според законот мора да се расправа во парламентот.

Се бара понеделник, 12 јули, да биде прогласен за национален празник во случај Англија, за прв пат во својата историја да стане европски првак.

Англија се пласираше во финалето на ЕУРО каде во недела ќе ги одмери силите со Италија на „Вембли“.