Фудбал
Англичаните останаа без текст кога дознале зошто Кулушевски го одбрал дресот со број 44
Дејан Кулушевски во лондонскиот клуб пристигна од Јувентус на позајмица, која ќе трае до летото 2023 година, по што Тотенхем ќе може да го откупи неговиот договор од „Старата дама“.
21-годишниот фудбалер пристигна во Јувентус летото 2020 година од Парма, но не се покажа како што се очекуваше.
Тој вчера и официјално потпиша договор со Тотенхем каде беше претставен како ново засилување, а реши повторно да го носи бројот 44 на дресот кој некако стана негов заштитен знак.
Англичаните се чуделе зошто Кулушевски го носи бројот 44, а биле изненадени кога ја откриле вистинската причина.

Имено, шведскиот напаѓач го носи овој број поради Аднан Јанузај, кој му беше фудбалски пример кога порасна. Јанузај тогаш играше за Манчестер Јунајтед и го носеше бројот 44 кога дебитираше за „црвените ѓаволи“.
Кулушевски во живо во Шведска на пријателски натпревар го гледаше Јанузај во дресот на Јунајтед и бил воодушевен од неговите потези. Оттогаш внимателно го следеше белгискиот фудбалер и поради него одлучи да го носи бројот 44.
Јанузај подоцна го носеше бројот 11 во Јунајтед кога беше промовиран во првиот тим, а истиот број го носи веќе неколку сезони во Реал Сосиедад.