Фудбал
Англија во блиска иднина ќе освои голем трофеј
Репрезентацијата на Англија во блиска иднина ќе освои голем трофеј и тоа е неизбежно, сигурен е светскиот шампион од 2014 година со Германија Пер Мертезакер. Поранешниот капитен на Арсенал е сигурен дека „Трите лава“ моментално ги следат стапките на Бундеслигата, која пред седум години триумфираше во Бразил.
Англија немаше титула од СП 1966 година, но во 2018 година играше полуфинале во Русија и летово беше финалист на Европското првенство.
“И ние сè уште бевме блиску до трофеј помеѓу 2006 и 2014 година, но секогаш бевме втори или трети на големите турнири. Токму тоа се случува со Англија во моментов. Убеден сум дека еден ден овој тим ќе се искачи на тронот. Тоа е неизбежно, бидејќи се полни со неверојатни фудбалери“, изјави Мертесакер.
Мертезакер додаде дека се уште не може да каже каква е иднината на Германија под водство на новиот селектор Ханси Флик.
“Во моментов не можам да погодам што ќе се случи. Знам само дека ќе патуваме во Катар со многу сомнителни нејаснотии околу составот. Целта можеби е да изградиме тим за да играме во полуфиналето на ЕП 2024.” додаде тој..