Connect with us

Фудбал

Англиски тимови отворија истрага за свои фудбалери, го прекршиле протоколот со прославата на Новата година

Српските интернационалци Александар Митровиќ и Лука Миливојевиќ се под истрага на нивните клубови Фулам и Кристал Палас бидејќи наводно го прекршиле протоколот за коронавирус, во текот на прославата за дочекот на Новата година, пренесува „Сан“.

Невенчаната сопруга на Александар Митровиќ на Инстаграм објави снимка на прославата во која двајцата фудбалери, кои се кумови, се наоѓаат со уште седум други возрасни лица, што не е дозволено според здравствените протоколи.

Миливојевиќ во октомври го прележа вирусот, додека Митровиќ не. Во меѓувреме вирусот зема замав во Премиер лигата, неколку мечеви се одложуваат, од кои два на Фулам, тим за кој настапува Митровиќ.