Connect with us

Фудбал

Англиските медиуми тврдат: Тен Хег му приреди изненадување на Гвардиола

Дерби натпреварот од 9. коло на Премиер лигата ќе се одигра утре помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Секако дека тимот на Манчестер Сити е фаворит на овој натпревар, но во дерби секогаш се е можно.

Како што пренесуваат англиските медиуми, тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг му приредил изненадување на утрешниот противник.

Станува збор за Кристијано Роналдо, кој, како што пренесуваат медиумите блиски до Манчестер Јунајтед, утре ќе го има вториот старт на сезоната.

Познато е и како ќе изгледа првиот состав на Манчестер Јунајтед за утрешниот натпревар, а во нападот ќе биде Кристијано Роналдо.

На голот ќе биде Де Хеа, а бековската линија ќе ја сочинуваат Маласија, Варан, Мартинез и Далот, што значи дека и Мегваер утрешниот натпревар ќе го започне од клупата за резерви.

Последните двајца играчи од средниот ред ќе бидат Ериксен и МекТоминај, додека пред нив како креатор ќе игра Бруно Фернандеш.

На крилата ќе дејствуваат Санчо лево и Антони десно. Веќе споменатиот Кристијано Роналдо треба да биде во врвот на нападот.

Од друга страна, се уште не се знае како ќе изгледа составот на Манчестер Сити, но познато е дека Ерлинг Халанд ќе го предводи нападот.

Останува да видиме дали англиските новинари имаа добри информации, и дали составот на Манчестер Јунајтед ќе изгледа вака.