Connect with us

Фудбал

Анри: Не е прашање дали ќе биде шампион, туку дали Ливерпул ќе доживее пораз

Со 52 бода од 18 одиграни мечеви Ливерпул е далеку напред на табелата. Веќе никој не се сомнева дека тоа ќе биде новиот шампион на Англија. Дури и поранешната ѕвезда на Арсенал ја прокоментира состојбата на табелата.

Тиери Анри вели дека не се поставува прашањето дали Ливерпул ќе биде шампион, туку дали шампионската сезона ќе ја заврши без пораз.

-Кога на гостински терен кај Лестер ќе победат на ваков начин, во тој случај повеќе не се поставува прашањето дали ќе ја освојат титулата, туку во кој момент ќе ја осигураат. Не треба да се биде посебно паметен и да се види дека Ливерпул е над сите оваа сезона. Верувам дека можат да останат непоразени до крајот, изјави Анри анализирајќи го синоќешниот натпревар на Лестер и Ливерпул.

Ливерпул сезонава нема пораз во Премиер лигата, учинокот е 17 победи и 1 нерешен исход.