Фудбал
Анри не останува во стручниот штаб на белгиската репрезентација
Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри, кој му беше помошник на поранешниот селектор на Белгија, Роберт Мартинез, нема да ја продолжи соработката со Фудбалскиот сојуз на Белгија (РБФА), соопшти генералниот директор на Асоцијацијата, Петер Босард.
„Анри ни ги презентираше своите идеи, би сакале да го задржиме, но не, тој нема да биде дел од следниот стручен штаб“, изјави Босар на прес-конференцијата на која беше новиот селектор на белгиската репрезентација Доменик Тедеско.
Анри, кој од 2016 година работи како помошник на Мартинез, медиумите го споменуваа и како потенцијален наследник на шпанскиот селектор на клупата на Белгија.
РБФА не му го продолжи договорот на Мартинез по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство во Катар. Поранешниот француски репрезентативец доби поддршка од играчите, особено од Ромелу Лукаку, но не изрази желба да го наследи Мартинез.
Поранешниот селектор на Италија и Германија Тедеско потпиша договор со белгиската федерација до ЕП 2024 во Германија. Имињата на неговите помошници не се објавени.