Connect with us

Кошарка

Антиќ: Кошарката доби свој дом, салата во СРЦ „Кале“ пренаменета за кошарка

Најавите се остварија, кошаркарската федерација на Македонија потврди, СРЦ „Кале“ станува дом на кошарката , ќе биде во трајно користење на  федерација.

Раководството на КФСМ на денешната прес конференција потврди дека СРЦ „Кале“ добива нова намена, исклучиво кошаркарска.

„ Денеска е голем ден, добиваме свој дом, јас лично сум презадоволен што како куќа на кошарката добиваме сала што ќе ни биде на располагање 24 часа на ден, 365 дена во годината. Голема благодарност до одговорните лица кои ни излегоа во пресрет“ – изјави претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Извор: Дриблинг