Connect with us

Фудбал

Арбитражниот суд со конечна одлука: Милан исклучен од Лига Европа, „биковите“ го пополнуваат празното место!

Судот за спортска арбитража во Лозана ова попладне излезе со официјално соопштение за „случајот Милан“, а конечната одлука ќе ги задоволи и двете страни, бидејќи и „росонерите“ и одговорните луѓе на УЕФА го добија она што посакуваа.

Милан поради прекршувањето на ФФП правилото на европската куќа на фудбалот нема да учествува во новото издание на Лига Европа, натпреварување за кое составот од Милано обезбеди учество откако заврши на петтот место на табелата во Серија А. Mестото на Милан во елитното натпреварување ќе го заземе Торино, а оваа одлука во превод ги задоволува двете страни бидејќи УЕФА почна да воведува ред со неконтролираното трошење на пари, а од друг поглед пак, Милан ќе има шанси да се насочи само кон натпреварите во Серија А, нешто што беше цел на клубот за новата натпреварувачка сезона.
– Милан е исклучен од натпреварувањата на УЕФА за сезоната 2019/20 како последица на непочитување на облигаторното правило поврзано за финансиски фер плеј, – гласи објавата на ЦАС.

.