Connect with us

Тајмаут

Арена Спорт каналите од денеска на Телекабел

Кабелскиот оператор Телекабел информираше дека од денеска сите Арена Спорт канали ќе бидат дел од нивната понуда.

Додаваат дека остануваат и претходно активните спорстки канали.

„Освен #Еуроспорт и #СпортКлуб, од сега ќе имате можност да ги следите и каналите на #АренаСпорт 1,2,3,4,5, Арена Еспорт и Арена Премиум 1,2,3.
Новите канали се во дигиталната платформа – без доплата.
Фреквенциите ќе бидат објавени на инфо каналот и на web страната на #Телекабел во текот на денот“, се вели во соопштението од Телекабел.

Ова е одлична вест за сите љубители на спортот.