Фудбал
Аргентинците практично депортирани од Бразил, но на крајот фудбалот сепак победи
Сцени без преседан во модерниот фудбал. Инспекторите и здравствената комисија влегоа на терен за да ги уапсат аргентинските играчи кои го прекршиле бразилскиот протокол за „Ковид“.
Два часа пред натпреварот, беше објавено дека четворицата Аргентинци не можат да играат вечерва бидејќи го прекршиле протоколот COVID и им било наредено да го напуштат Бразил што е можно поскоро.
Тоа се Емилијано Мартинез,Џовани Ло Селсо, Кристијан Ромеро и Емилијано Буендија кои не пријавиле дека биле во Англија во претходните 14 дена, поради што морале да влезат во задолжителна изолација.
Мартинез, Ло Селсо и Ромеро се најдоа во стартниот состав. Натпреварот започна, траеше помалку од пет минути. Аргентинците отидоа во соблекувалната, а Бразилците останаа на теренот.
Беше потребно извесно време да се одлучи што ќе се прави, дури и Меси се врати од соблекувалната, но стана сосема јасно дека натпреварот нема да продолжи бидејќи пристигна официјалната потврда.
И додека Аргентинците беа на некој начин „депортирани“ од Бразил, домаќинот одигра тренинг натпревар меѓу нив.
Leandro Paredes voltou ao campo, chamou Neymar e pediu pra trocar camisa com o companheiro de PSG antes de ir embora #trbrasil pic.twitter.com/G3oJMlZ0Bk
— Bruno Cassucci (@brunocassucci) September 5, 2021
Сепак, Лео Паредес и Нејмар се погрижија да победи фудбалот веднаш откако Аргентинците го напуштија стадионот. Имено, Паредес се врати на теренот, го повика Нејмар и го размени дресот на репрезентацијата со својот клупски соиграч.
Инаку, и Бразилците и Аргентинците треба да одиграат уште еден меч во септември, соодветно против Перу и Боливија.