Connect with us

Фудбал

Арсенал е во пол позиција за посакуваната 9-та

Англиски Арсенал е блиску до трансфер на шведскиот репрезентативец Александар Исак од Реал Сосиедад. 22-годишниот напаѓач е опција за замена за Пјер-Емерик Обамејанг, пренесува El Nacional.

Изданието тврди дека за фудбалерот сериозен интерес покажува и Барселона, но Реал Сосиедад ги блокирал преговорите со каталонскиот клуб бидејќи не сака да го продаде Исак на ривал во Ла Лига.

Александар Исак потпиша со тимот од Сан Себастијан во 2019 година по трансфер од германската Борусија Дортмунд и веќе има постигнато 38 гола на 101 натпревар, а за шведската репрезентација има девет гола на 32 натпревари.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги разгледува опциите за можна замена за габонскиот репрезентативец Обамејанг, кој минатиот месец беше отстранет од натпреварите за првиот тим поради дисциплински причини.

Реклама

Facebook

Реклама