Connect with us

Фудбал

Арсенал го потврди заминувањето на двајца играчи на позајмица

Последниот ден од зимскиот преоден рок ни донесе голема возбуда.

На самиот крај од преодниот рок, Арсенал го потврди заминувањето на двајцата фудбалери на позајмица.

Фановите на лондонскиот клуб се особено изненадени што Арсенал го ослободи Ајнсли Мејтланд-Нилс, кој остатокот од оваа сезона ќе го помине на позајмица на ВБА.

Исто така, одлучено е Џо Вилок да ги напушти „топџиите“, а овој фудбалер ќе игра на позајмица во дресот на Њукасл до крајот на оваа сезона.

Претходно беше потврдено дека Арсенал го напушти и Шкодран Мустафи, кој потпиша договор со Шалке.