Connect with us

Фудбал

Арсенал и Ливерпул во борбата за фудбалерот на Франкфурт

Младиот дефанзивец се чини дека ги брои последните денови во Германија.

Според извештаите на медиумите во Шпанија, Севилја и Валенсија се приклучиле на Арсенал и Ливерпул во битката за потписот на талентираниот фудбалер на Франкфурт, Еван Н’Дик.

Н’Дика пристигна во Ајнтрахт во 2018 година од Оксер за 5,5 милиони евра. Тој играше за сите младински селекции на Франција, и за кратко време се очекува да биде во сениорската селекција на оваа земја.

Се поголем број на клубови се во борба за потписот на овој талентиран дефанзивец, па германски тим сигурно ќе оствари голем профит од продажба на овој фудбалер.

Ќе видиме дали Шпанија или Англија ќе биде неговата следна дестинација.