Фудбал
Арсенал изгледа моќно!
Фудбалерите на Арсенал продолжуваат со одличните игри и во новата сезона.
Во деветтото коло од Премиер лигата го добија големото лондонско дерби против Тотенхем со резултат 3:1 и со тоа се зацврстија на лидерската позиција. „Топчиите“ сега имаат 21 бод со биланс од седум победи и еден пораз.
Натпреварот започна блескаво за Арсенал. Партеј во 20. минута искористи асистенција на Вајт и погоди за 1:0.
Сепак, Тотенхем брзо се врати во мечот. Во 31. минута беше досуден пенал, а сигурен реализатор за 1:1 и резултат на првото полувреме беше Хари Кејн.
Во продолжение на теренот имаше само една екипа. Арсенал одигра течно, прецизно и ефикасно, а веќе во 49. минута дојде до ново славје.
Габриел Жесус уште еднаш покажа дека Топџиите ја направија вистинската работа со тоа што го доведоа летово и ја затресоа мрежата на Тотенхем за водство од 2-1.
Работата на Арсенал му ја олесни Емерсон Ројал во 52. минута кога доби директен црвен картон, а гостите останаа со десет играчи.
Навивачите на Арсенал не мораа долго да чекаат нивните миленици да ја искористат бројчаната предност на теренот. Се играше во 67. минута, кога Мартинели убаво додаде до Џака, кој погоди за 3:1.
До крајот на натпреварот Арсенал можеше уште повеќе да ја наполни мрежата на Тотенхем, но во некои ситуации му недостигаше поголема прецизност во финишот.
На крајот конечниот резултат беше 3:1 за Топџиите.
Лош е Тотенхем, особено второто полувреме, додека Арсенал беше на ниво, па може да се каже заслужен триумф на „топчиите“ за продолжување на блескавата серија на стартот од новата сезона.