Фудбал
Арсенал ја шокираше јавноста, тренерот Артета позитивен на коронавирус
Англискиот клуб Арсенал потврди дека нивниот тренер Микел Артета е позитивен на коронавирус, односно дека по направениот тест е утврдено дека во себе го има смртоносниот вирус.
-Нашиот тренинг центар во Лондон е затворен откако тренерот Микел Артета вечерва доби позитивен резултат на тестирањето на СОВИД-19. Персоналот на Арсенал, кој имаше неодамнешен близок контакт со Микел, сега ќе се изолира во согласност со здравствените упатства на Владата. Очекуваме ова да биде значителен број луѓе, вклучувајќи го целиот тим и тренерскиот персонал, како и помал број на луѓе од нашата академија, се вели во соопштението на Арсенал.
Club statement: COVID-19
— Arsenal (@Arsenal) March 12, 2020