Поврзи се со нас

Фудбал

„Арсенал мора да го трансферира Ериксен, и покрај тоа што некогаш беше дел од Тотенхем“

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Кевин Кембел смета дека Топџиите треба да бидат подготвени да ги игнорираат силните врски на Кристијан Ериксен со главниот ривал Тотенхем доколку се појави можност за трансфер на Данецот.

Ериксен, кој изврши силен притисок да ги напушти Спарс во преодниот рок во јануари 2019 година, се надеваше дека ќе блесне со приклучувањето кон Интер, но неговото време со италијанскиот клуб се претвори во кошмар.

28-годишникот призна дека може да го напушти Интер по само 12 месеци.

„Ова не е она за што сонував. Сите играчи сакаат да играат што е можно повеќе, но тренерот одлучува кој ќе излезе на теренот“, рече Ериксен.

„Тоа е чудна ситуација, бидејќи навивачите сакаат да ме видат како играм повеќе, исто како мене, но тренерот има различни идеи и како играч морам да го почитувам тоа“.

Се шпекулираше дека Арсенал може да има можност да го врати Ериксен во англискиот фудбал, со договор за размена во кој е вклучен швајцарскиот играч за врска Гранит Џака.

Кембел смета дека Топџиите треба да извршат притисок тој договор да се случи, и покрај тоа што тој беше поранешен ривал.

„Ериксен играше за ривалот, но сите го знаеме квалитетот што го има, тоа е сигурно“, изјави поранешниот напаѓач на Арсенал, Кембел.

„Не е доволно добро за него во Интер сега и сигурен сум дека би бил добро засилување во составот на Арсенал”.

„Не ми е гајле дали тој играше за Тотенхем, тој е одличен играч што може да донесе нешто во Арсенал.“

loading...

Facebook