Connect with us

Фудбал

Арсенал најде замена за Аубамејан, го сака новиот Халанд!

Пјер-Емерик Аубамејанг и Арсенал изгледаат далеку од продолжување на соработката. Медиумите во Англија пишуваат дека односот помеѓу играчот и клубот е многу ладен и доколку „Топџиите“ не стигнат до ЛШ оваа сезона, тогаш напаѓачот веднаш ќе замине.

Во врска со заминувањето на Аубамејанд, челниците од Лондон се чини дека се подготвени. Според последните извештаи, Арсенал силно ќе „нападне“ за да ги обезбеди услугите на Џонатан Дејвид.

Дејвид има договор со Гент и се споредува со Ерлинг Хаалад, бидејќи покажува фантастична игра.

Канаѓанецот нема клаузула за раскинување на договорот, но понудата од околу 20-25 милиони евра би ги убедила во Гент да го ослободат 20-годишниот фудбалер.