Фудбал
Арсенал „нокаутиран“ за две минути, пред четири дена Сити им гледаше во грбот, а сега е на врвот (ВИДЕО)
Колку брзо се се врти во фудбалот. Манчестер Сити пред неколку дена гледаше во грбот и на Арсенал и на Ливерпул, четири дена подоцна води во шампионската трка!
Сè по едно попладне што само Премиер лигата може да го испорача во моментов! Неполни три часа откако Кристал Палас го сопна Ливерпул на „Енфилд“, Астон Вила го исфрли вчерашниот лидер Арсенал во едно од дерби мечевите од 33. коло на „Емирати“ и му го отвори патот на актуелниот бранител на титулата за одбрана на тронот – 2:0 (0 :0). Бејли 82 и Воткинс во 86-та донесоа победа на Астон Вила.
Standings provided by Sofascore