Фудбал
Арсенал повторно гледа на португалскиот репрезентативец
Играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невес повторно е на чело на трансфер плановите на Арсенал. Микел Артета е многу љубител на португалскиот репрезентативец, но раководството на „волците“ одби неколку понуди за него, вклучително и преку јануарскиот преоден рок.
Арсенал стапил во контакт со агентот на играчот Жорге Мендеш, кој планира да му најде нов тим на лето. Доколку „топчиите“ се пласираат во Лигата на шампионите, нивните шанси да го привлечат Невес значително ќе се зголемат.
25-годишниот играч за врска пристигна во Молин во 2017 година од Порто. Оваа сезона неговата статистика во Премиер лигата е исполнета со 28 натпревари со 4 гола и 2 асистенции. Неговиот договор со Вулверхемптон истекува во 2024 година, што може да ја намали неговата цена во корист на лондонскиот клуб.