Connect with us

Фудбал

Арсенал прв клуб во Премиер лигата кој добил 100 црвени картони

Дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магаљес е исклучен на денешниот натпревар од Премиер лигата против Манчестер сити. Бразилецот доби втор црвен картон (втор жолт) во 59. минута од играта.

Арсенал е првиот клуб во историјата кој добил 100 црвени картони во Англиското фудбалско првенство.

Во исто време, Габриел стана вториот играч на Топџиите отстранет на 1 јануари. Во 1997 година, тоа веќе се случи со напаѓачот Џон Хартсон на натпреварот против Мидлсброу (2:0).

Средбата Арсенал Манчестер сити заврши со победа на гостите со 2:1. Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Марез и Родри, погодокот за Арсенал е дело на Сака.

Манчестер сити по 21. коло е лидер во Премиер лигата со 53 бодови, Арсенал е 4-ти со 35 бода од 20 натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама