Connect with us

Фудбал

Арсенал, ПСВ и Наполи вечерва можат да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите

Синоќа имаше четворица нови учесници во нокаут фазата од Лигата на шампионите, па досега десет екипи се познати кои ќе играат во осминафиналето. Вечерва би можеле да дознаеме уште три екипи. Синоќа Барселона, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Лацио им се приклучија на Манчестер Сити, Баерн, Реал Мадрид, Лајпциг, Реал Сосиедад и Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите, а вечерва би можеле да им се приклучат Арсенал, ПСВ и Наполи.

Имено, во групата Б вечерва се среќаваат Арсенал и Ленс, како и Севиља и ПСВ. Арсенал има доволно бодови за да се пласира во осминафиналето, но во случај на победа ќе му даде шанса на ПСВ да им се придружи на колото пред крајот. Наполи би можел да му се приклучи на Реал Мадрид во осминафиналето од групата Ц во дури три варијанти. Наполи ќе оди понатаму ако вечерва ги победи кралевите во Шпанија, но може и во случај на реми или дури и пораз. Доколку ремизира, ќе му треба Брага да не го победи Унион Берлин на домашен терен, а доколку загуби ќе треба да се надева на победа на германскиот тим во Португалија. Интересно е и тоа што вечерва Манчестер Јунајтед би можел да се збогува од Лигата на шампионите доколку загуби во Истанбул од Галатасарај во групата А, а Копенхаген го совлада Баерн во Минхен.

ГРУПА А

ГАЛАТАСАРАЈ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (18:45Ч)

БАЕРН МИНХЕН – КОПЕНХАГЕН (21:00Ч)

ГРУПА Б

АРСЕНАЛ – ЛЕНС (21:00Ч)

СЕВИЉА – ПСВ (18:45Ч)

ГРУПА Ц

РЕАЛ МАДРИД – НАПОЛИ (21:00Ч)

БРАГА – УНИОН БЕРЛИН (21:00Ч)

ГРУПА Д

БЕНФИКА – ИНТЕР (21:00Ч)
РЕАЛ СОСИЕДАД – САЛЦБУРГ (21:00Ч)