Connect with us

Фудбал

Арсенал сака дуо од Јувентус

Екипата на Арсенал е заинтересирана за двајца играчи на Јувентус и ќе се обиде да ги привлече преку зимскиот преоден рок, пренесува „Calciomercato“.

Првиот е Артур Мело, кој не е во плановите на тренерот Масимилијано Алегри. Оваа сезона 25-годишниот Бразилец забележа само 101 минута игра на четири натпревари во Серија А. Неодамна доцнеше на тренинг и дополнително го налути тренерот. Според порталот Transfermarkt.com, цената на Артур е 35 милиони евра.

Другата мета на „топчиите“ е Дејан Кулушевски. Швеѓанецот исто така не игра редовно по враќањето на Алегри, а платите на двајцата се на товар на Јуве. Претходно овој месец имаше информации дека шефовите на Арсенал се подготвуваат да летаат за Торино за да ги забрзаат разговорите за Швеѓанецот.

Менаџерот Микел Артета се надева дека лондончани ќе успеат да го привлечат Кулушевски за сума од 25 милиони плус 4,2 милиони фунти со бонуси. Сепак, се проценува дека Јувентус ќе сака да добие сума од околу 34 милиони фунти.

Томас Партеј и Мохамед Елнени ќе учествуваат на Африканскиот куп на нации на почетокот на јануари, а поради оваа причина на Арсенал ќе му треба засилување на средината на теренот.