Фудбал
Арсенал сака и играч од средниот ред на Јуве
Играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело е во трансфер плановите на Арсенал. Бразилецот не ја ужива довербата на Масимилијано Алегри, а „топчиите“ се еден од клубовите кои покажуваат сериозен интерес за него.
Артур пристигна во Јувентус од Барселона и имаше големи надежи, но не ги оправда. Желбата на самиот фудбалер е што поскоро да го напушти Торино, без разлика дали со траен трансфер или кирија.
Од почетокот на сезоната Артур има само 4 натпревари и вкупно 101 минута во Серија А. Неговиот договор со „бјанконерите“ е до 2025 година, но се чини дека е подобро двете страни да се разделат.
Сепак, Бразилецот добива 6 милиони евра годишно и тоа е проблем за повеќето кандидати за неговиот потпис.