Connect with us

Фудбал

Артета ги руши плановите на Озил

Месут Озил има договор до крајот на сезоната со Арсенал, но одамна е отпишан кај тренерот. Клубот е подготвен да го пушти оваа зима, но сепак нема да замине доколку не дојде добра понуда.

-Ако нешто се реши овој месец, ќе биде тоа само ако двете страни се задоволни. Добро за Месут Озил и неговата иднина, но добро и за Арсенал. Само во тој случај ќе не напушти. Ако тоа не се случи, ќе остане во клубот, порача менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Според информациите, Озил имал договор со Фенербахче. Секако, неговата желба е да замине бидејќи со месеци не игра, иако има 300 илјади фунти неделна плата.